Силен земјотрес денеска го погоди Истанбул, со епицентар во Мраморното Море. Според турската агенција за катастрофи АФАД, земјотресот имал јачина од 5,0 степени и предизвика вознемиреност меѓу жителите. Очевидци за Ројтерс изјавија дека дел од граѓаните во паника излегле на улиците.
Епицентарот бил регистриран југозападно од Истанбул, на раседната линија која долго време важи за ризична за градот со околу 16 милиони жители.
„Нашите тимови на терен почнаа со проверки. Ги повикуваме граѓаните да се држат подалеку од потенцијално оштетени згради и да ги следат упатствата на надлежните служби“, соопшти Канцеларијата на гувернерот на Истанбул, додавајќи дека досега нема пријавени материјални штети.
Извор: Хуриет / Ројтерс






