На предизборната дебата во Офицерскиот дом во Битола, актуелниот градоначалник Тони Коњановски им одговори на критиките на неговата противкандидатка Габриела Илиевска околу состојбата со животната средина во градот.
„Граѓаните се доволно свесни, умни да можат да разграничат кој ги правеше опструкциите во советот, кој беше против велосипедските патеки. Кој беше против многу проекти што беа закочени, кој беше против грантот од еден милион евра за поставување на нови водоводни инсталации и сега дел од тие проекти се закочени,“ изјави Коњановски.
Тој додаде дека конечната проценка ја остава на битолчани. „Ќе оставам на граѓаните сами да проценат,“ заокружи Коњановски, кој ја бара довербата за втор мандат.







