Според ексклузивни информации на Wall Street Journal, американскиот претседател Доналд Трамп дал зелено светло Украина за првпат да добие обавештајни податоци со кои ќе може да изведува напади со далекуметни ракети врз руската енергетска инфраструктура.
Одлуката, која претставува значително продлабочување на американската поддршка кон Киев, доаѓа во момент кога мировните преговори со Москва се во застој.
Анонимни официјални лица за весникот изјавиле дека новите информации ќе ѝ овозможат на Украина да ги таргетира „рафинериите, гасоводите, електраните и друга инфраструктура длабоко на руска територија“ со цел да се ослаби воената економија на Кремљ.
Покрај тоа, администрацијата размислува и за испорака на проектили Tomahawk и Barracuda, со дострел до 800 километри. „Чекаме писмени инструкции од Белата куќа пред да ги споделиме потребните разузнавачки информации“, изјавил еден американски функционер за WSJ.
Овој заокрет доаѓа по неуспешните обиди на Трамп да посредува меѓу Киев и Москва. Извори блиски до администрацијата велат дека претседателот е сѐ понезадоволен од однесувањето на рускиот лидер Владимир Путин.






