Американскиот претседател Доналд Трамп предложи користење на градовите со висок криминал како „полигони“ за војската, нарекувајќи ги „граѓанските немири“ како „внатрешен непријател“. Според него, ситуацијата „нема да излезе од контрола“ доколку се применат новите мерки.
Ова следува откако Трамп веќе распореди војници од Националната гарда во Вашингтон, Лос Анџелес и Портланд, како дел од операции за борба против криминалот и поддршка на имиграциските закони.
Министерот за одбрана Пит Хегсет најави крај на „разбудената култура“ во Пентагон и воведување на нови стандарди за физичка подготвеност, кои би можеле да ја исклучат некои жени од службата. Тој истакна дека ќе се зајакне „воинскиот етос“, ќе се елиминираат процедури за анонимни жалби и ќе се воведат построги правила за изгледот на офицерите.
Трамп повтори критики кон градовите предводени од демократите, како Сан Франциско, Чикаго, Њујорк и Лос Анџелес, и најави продолжување на својата политика за користење на војската за спроведување на законите. „Ова се многу небезбедни места и ние ќе ги чистиме едно по едно“, додаде тој.







