Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарија нема да толерира влез на руски беспилотни летала во својот воздушен простор и дека тие ќе бидат соборени, без оглед дали нарушувањето е намерно или случајно.
„Колку што знам, да. Не се плашиме од тоа. Секако дека ќе ги собориме“, рече Орбан пред новинари.
Во исто време, премиерот го критикуваше ставот на Западноевропејците, истакнувајќи дека Европа е посилна од Русија во секоја димензија – воено, економски и бројчено. „Никогаш не сум разбрал зошто, ако сме посилни, зборуваме како да сме слаби. Русија е слаба во споредба со нас“, додаде Орбан во провладиното политичко ток-шоу.






