Амбасадата на САД во Скопје денеска соопшти дека нивната официјална сметка на социјалните мрежи нема да се ажурира редовно додека не се обезбедат средства за целосно функционирање на институциите во САД.
„Поради прекин на финансирањето, оваа сметка ќе објавува само итни информации поврзани со безбедност и сигурност“, се наведува во соопштението на Амбасадата.
Ова е последица на т.н. „government shutdown“ во САД, кој настанува кога Конгресот не усвои буџет или привремено финансирање, што доведува до ограничување на работата на одредени федерални институции и амбасади ширум светот.






