Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека денес мора да биде „со бистра глава“ пред самитот на лидерите на Европската унија во Копенхаген, кој, според него, ќе биде како „борба во кафез“.
Орбан на Фејсбук наведе дека европските лидери, вклучително и претседателката на Европската комисија и премиерите на Полска и Шведска, вршат притисок врз Унгарија да го поддржи членството на Украина во ЕУ, пренесе агенцијата МТИ.
Тој оцени дека таквите барања се „злокобни знаци“ кои покажуваат дека Европа прави големи чекори кон војна.
„Војната во Украина не е нашa војна“, порача Орбан, нагласувајќи дека нема едногласен став во Европа за членството на Украина и дека таква согласност „не може да се постигне без Унгарија“.
Тој додаде дека Унгарија нема да испраќа пари за Киев сè додека во земјата владее „патриотска влада“.







