Поранешниот министер за земјоделство на Кина, Танг Рењџијан, е осуден на смрт со двегодишно одложување поради примање мито во вредност од над 268 милиони јуани (37,6 милиони долари), јави „Синхуа“.
Судот во провинцијата Џилин ја изрече казната откако Танг призна вина. Тој беше исклучен од Комунистичката партија во ноември 2024 година, шест месеци по почетокот на истрагата.
Танг беше гувернер на провинцијата Гансу (2017–2020), а потоа министер за земјоделство. Неговиот случај е дел од пошироката антикорупциска кампања на претседателот Си Џинпинг, кој предупреди дека корупцијата е „најголемата закана за партијата“.







