Полициски службеници од ЕВР Карпош вчера во 20:00 часот уапсиле 36-годишниот С.Н. од Косово, кој се сомничи за кражба на електрична енергија и нелегален престој во државата.
Случајот бил откриен по пријава од ЕВН Македонија од 1 јули годинава за неовластено преземање на електрична енергија во објект кој С.Н. го изнајмил. При службениот разговор било утврдено дека неговиот престој во државата не е регулиран и истекол уште на 15 септември.
Против С.Н. е поднесена кривична пријава по брза постапка до Основното јавно обвинителство во Скопје.






