ОВЕН
Отворете ги очите за нови професионални можности – тие можат значително да ви помогнат во проширување на знаењето и зацврстување на вашата позиција. Ако се опуштите и оставите работите да течат без контрола, ризикувате некој да ве престигне. Го гледате светот со поинаков сјај, а во љубовта ве очекува задоволство и хармонија со саканата личност.
БИК
Настапувате претпазливо и внимавате да не ризикувате премногу во деловни и финансиски разговори. Сепак, ќе мора да се соочите со ситуации кои не ви се по волја. Навреме побарајте совет од поискусна личност – решението ќе биде во ваша корист. Во љубовта копнеете по разбирање и нежност, но необичните постапки на партнерот во вас будат несигурност.
БЛИЗНАЦИ
Загрижени сте за новите случувања на работа кои може да го забават спроведувањето на вашите планови. Но, со упорност ќе докажете дека имате практични решенија и дека уживате голем углед во околината. Во приватниот живот, не дозволувајте гласини да ви наштетат – слабостите доверете ги само на најблиските.
РАК
Ќе добиете корисни совети кои лесно можете да ги примените во решавањето на сериозни прашања. Балансирајте го вашиот креативен импулс со заедничките интереси за да ги усогласите различните гледишта. Во љубовта преиспитувате одредени односи – имате чувство дека партнерот прикрива нешто, што ве тера на внимателност.
ЛАВ
Со амбиција настапувате пред околината и јасно ставате до знаење дека не дозволувате спротивставување. Бидете претпазливи во ситуации кои бараат ризик или поголеми вложувања. Во домот и љубовта барате хармонија и поттик за креативна енергија. Партнерот умее да ве охрабри и да ви помогне да ги изразите чувствата.
ДЕВИЦА
Околностите се променливи и тешко е да се предвиди нечие однесување. Следете ги проверените правила и избегнувајте ризици. Одложете напорни задачи додека не се создадат подобри услови. Ќе добиете поддршка од блиски пријатели, а во љубовта влегувате во период на емотивен подем – препуштете се на вашите чувства.
ВАГА
Иако вложувате голем труд за постигнување на резултати, редоследот на настани ви го нарушува темпото. Клучот е во добра организација и почитување на роковите. Во љубовта, промените во расположението ве следат, но нема причина да ја губите надежта или да се оддалечите од партнерот.
ШКОРПИЈА
Минувате низ различни креативни фази и се стремите кон оптимални услови за работа. Не игнорирајте ги коментарите на блиските – тие не мора секогаш да бидат критика. Во љубовта сте активни и подготвени за промени во секојдневието. Инстинктот ќе ви помогне да го препознаете вистинскиот момент.
СТРЕЛЕЦ
Време е да преиспитате некои услови и критериуми за да ја зајакнете вашата деловна позиција. Бидете истрајни во своите идеи – имате доволно аргументи за успех. Во љубовта сте полни со ентузијазам и сакате да приредите нешто посебно за партнерот.
ЈАРЕЦ
Некои од вашите соработници не ги почитуваат заедничките договори, што може да предизвика загуба. Новите информации ве загрижуваат, но упорно барате решенија. Склони сте на промени во расположението и често барате ново друштво. Во љубовта не се задржувајте на ситници – нема потреба од непотребни забелешки.
ВОДОЛИЈА
Се стремите кон успешно реализирање на идеите и важно е да имате доверлив тим со заеднички цели. Во љубовта, не обидувајте се по секоја цена да го промените партнерот или текот на настаните кои не зависат од вас.
РИБИ
Совесно ги исполнувате обврските и покажувате голема ажурност во деловните договори. Одлуките ги темелите на реалноста и нема потреба да се чувствувате несигурно. Во љубовта избегнувајте повторување на ситуации кои не носат позитивен исход.







