Двајца малолетници се повредени откако патничко возило излетало од патот на регионалниот пат село Кривогаштани – Крушеани.
Според пријавата во ОВР Прилеп, на 28 септември 2025 година, возилото „ДФСК“ со битолски регистарски ознаки било управувано од 16-годишник од село Трновци, општина Могила, кога излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, 15-годишен сопатник од село Бела Црква, општина Кривогаштани, се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот добил телесни повреди. Двете лица се згрижени во Општа болница Прилеп, каде им е пружена соодветна медицинска помош.
Полицијата продолжува со истрага за околностите што довеле до несреќата.







