Пејачот на народна музика Предраг Живковиќ Тозовац во моментов е на одделот за интензивна нега, каде е поврзан со проток на кислород, а оттаму реши да се огласи и самиот во медиумите.
„Точно е дека завршив во болница поради пневмонија и корона, но многумина се борат со овој проблем. Веќе не се никакви новости дека некој има Ковид 19“ – рече Тозовац и додаде дека и покрај сериозноста на ситуацијата, тој е оптимист кога станува збор за неговиот понатамошен тек на лекувањето.
„Мојата состојба не е добра, а каква и да биде? Лекарите ми рекоа дека одморот е најважниот фактор за моето закрепнување. Ми дадоа и антибиотици и ги слушам се’ што ќе ми кажат“ – рече Тозовац и посочи дека се надева дека наскоро ќе излезе од болница.
„Не да се надевам, туку цупкам во место и едвј го чекам моментот кога лекарите ќе ми кажат дека можам да си одам. Јас сум оптимист и верувам во Господ, сè уште не е дојдено моето време да го напуштам овој свет“ – изјави еден од најпопуларните пејачи на народната музика во регионот и додаде дека е многу потресен од смртта на неговиот колега Ѓорѓе Балашевиќ, кој почина од корона.
„Многу ми е жал за него, но како Балашевиќ да повлече нога… Сепак, јас се надевам дека ќе го победам ова зло што ја нападна Србија и светот што е можно побрзо. Не паметам дека нешто слично ни се случило“ – оптимист е пејачката фолк легенда.






