Авиокомпанијата „Визер“ ја проширува својата мапа на дестинации со нова авиолинија од Скопје до Штутгарт, со летови секој понеделник, среда и петок. Првиот лет полета денеска во 06:25 часот од Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Со оваа дестинација, „Визер“ ја зголемува својата мрежа на девет линии кон Германија, вклучувајќи ги градовите Берлин, Дортмунд, Баден-Баден, Фридрихсхафен, Хамбург, Франкфурт-Хан, Минхен-Меминген и Нирнберг.
Во летниот распоред, полетувањата од Скопје во понеделник и петок се во 06:25 часот, со пристигнување во Штутгарт во 11:10 часот, а во среда полетувањето е во 06:30 часот, со исто пристигнување во 11:10 часот. Во зимскиот распоред, сите летови ќе се реализираат во 06:30 часот, со пристигнување во 11:30 часот.
Оваа нова линија се надоврзува на другите дестинации што „Визер“ ги најави, вклучувајќи Стокхолм, Мадрид, Келн, Бари, Прага и Ларнака, а следната година се очекуваат и нови летови до Неапол, Будимпешта, Катовице, Вроцлав и Милано од Скопје и Охрид.
Со проширувањето на авиосообраќајот, македонските патници ќе имаат повеќе можности за директни летови кон Европа, а авиокомпанијата ја зајакнува поврзаноста на земјата со клучни европски градови.







![Нема крај на сообраќајната некултура во Скопје: Возило се движи низ пешачка зона [ВИДЕО]](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-14-195700.png)