МВР информира дека на 27 септември 2025 година, околу 08:15 часот, на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 30-годишниот Г.Д. удрило во 83-годишниот пешак Т.Ѓ.
Повредите на Т.Ѓ. биле тешки, поради што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар ја констатирал смртта, а увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.
По насоки на јавниот обвинител, возачот Г.Д. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава.






