Лекарка од Итната медицинска помош била физички нападната синоќа околу 23:15 часот пред угостителски објект во Центар, информира Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот го пријавила 36-годишната Д.Б. од скопското село Булачани, која во моментот извршувала работни задачи во службено комбе. Нападот го извршила 24-годишната И.Д. од Скопје.
Случајот е пријавен во СВР Скопје ноќеска во 2:40 часот, а од полицијата најавуваат дека по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок против напаѓачката.
Министерството потсетува дека нападите врз здравствени работници се сериозно кривично дело и апелира за почит кон медицинскиот персонал кој секојдневно се грижи за здравјето на граѓаните.







