Додека сите гледаа кон Илoн Маск и неговите конфликти со Доналд Трамп, еден друг милијардер се издигна во сенка: Лари Елисoн, коосновач на Oracle и втор најбогат човек на светот со богатство над 350 милијарди долари. Советник на Трамп открил за Wired дека Елисoн е всушност „претседателот во сенка“ на САД.
Некогаш познат како „најпознат плејбој во Силиконската долина“, Елисoн денес се повлекол од јавноста и станал голем донатор за Републиканската партија, стекнувајќи политичка моќ без помпа и јавни настапи.
Компјутерските сервери на Oracle се основата на голем дел од технолошката и ВИ индустрија во САД. Компанијата учествува во „Stargate“ проект вреден 500 милијарди долари и има договор со OpenAI од 300 милијарди долари за обезбедување компјутерски ресурси во наредните пет години. Покрај тоа, Елисoн преку ТикТок ќе има контролен удел врз алгоритмите кои ја обликуваат содржината што ја гледа речиси третина од возрасните Американци.

Семејството Елисoн исто така ја зголемува моќта во медиумите. Синот, Дејвид, го купи Paramount и го спои со Skydance, веќе поседувајќи CBS News. Ако ја преземе и Warner Bros Discovery, ќе создаде една од најмоќните медиумски концентрации, вклучително и CNN. Како што вели еден извор: „Семејството Елисoн го контролира вниманието и податоците на американскиот народ.“







