Од денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот, со кои пешаците, велосипедистите, возачите на електрични тротинети и мотоцикли повеќе не смеат да носат слушалки во двете уши ниту да користат мобилен телефон, таблет или друг уред додека се движат по патиштата.
Со овие мерки властите сакаат да го намалат бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимание и да ја зголемат безбедноста на најранливите учесници во сообраќајот.
Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот апелираат до граѓаните да ги почитуваат новите правила, нагласувајќи дека тие поставуваат нови стандарди за одговорно и безбедно движење по улиците.
Казните за непочитување на правилата се задолжителни, а целта е секој учесник во сообраќајот безбедно да стигне дома.







