Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, на својот Телеграм саркастично ги коментираше последните настапи на Доналд Трамп.
„Овие денови во Њујорк гледаме политички театар. Додека европските лидери покажуваат слабости, Трамп настапува во свој стил – неговите изјави повеќе личат на навреди отколку на политика,“ напиша Медведев.
Тој потсети на објавата на Трамп по средбата со претставници од Киев и Париз, во која американскиот претседател замислува сценарио во кое Украина победува, ги враќа сите граници, а руската економија пропаѓа.
„Но, Трамп може за неколку дена да го смени мислењето – да му предложи капитулација на Зеленски, да склучи договор со Маск за мисија на Марс или да објави нешто со што ќе си обезбеди Нобелова награда,“ саркастично додаде Медведев.
Според него, непредвидливите промени на ставовите се суштината на политиката на Трамп, а социјалните мрежи му служат како главен инструмент за влијание.







