Уран, планетата на иновациите, од 6 септември се движи ретроградно во знакот Близнаци и така ќе продолжи до 6 февруари 2026 година.
Ретроградниот Уран во Близнаци носи период кога енергијата на оваа планета на слободата, ненадејните промени и изненадувањата се насочува кон внатрешниот свет и најсилно влијае врз начинот на размислување, комуникацијата и односите со околината. Овој транзит најмногу ќе се почувствува кај Близнаците, Стрелците, Девиците и Рибите.
Близнаците се знак на идеи, знаење, разговори и брзо поврзување, па кога Уран е ретрограден во овој знак доаѓа до преиспитување на старите обрасци на мислење, забавување во процесот на носење одлуки и внатрешно откривање на нови, неконвенционални начини на изразување.
Стари теми и луѓе од минатото
Многумина ќе почувствуваат потреба да се повлечат од површни разговори и подлабоко да размислат за сопствените ставови, како и да преиспитаат колку им значи слободата на говор и мислење.
Ретроградниот Уран во Близнаци може да донесе ненадејни повторни јавувања од луѓе од минатото преку комуникација, како и враќање на стари теми што бараат ново согледување.
Револуција во размислувањето
Овој транзит нè учи дека промените секогаш почнуваат во умот и дека вистинското ослободување доаѓа преку способноста да препознаеме каде сме врзани за стари мисли и зборови што нè ограничуваат.
Иако може да изгледа збунувачки, ова е време на внатрешна револуција во начинот на размислување, а кога Уран повторно ќе тргне директно, она што било потиснато или скриено може да излезе на површина како јасна и освежувачка визија за иднината.







