Жичарницата на Водно ќе биде пуштена пред Нова година, информираше вчера в.д директорот на ЈСП, Иван Илиевски.
Во моментот се проверува техничката исправност. Жичарницата околу две години не е во функција, односно од почетокот на пандемијата кога поради рестриктивните мерки за заштита од Ковид беше затворена.
Скопјани подолго време бараат да почне да работи.






