Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

СДСМ ја објави Предлог-резолуцијата за црвените линии во процесот на евроинтеграција

by
2025-09-25
in Uncategorized
СДСМ: Парите се кај граѓаните

СДСМ попладнево ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии и таа е достапна на официјалната интернет страница на партијата на следниот ЛИНК

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше содржината на Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Тој посочи дека предлог резолуцијата произлегува од стратешките национални интереси пред се интересот на граѓаните и огромниот процент на поддршка за процесот на пристапување кон ЕУ. Филипче додаде дека со овој документ ќе се отстранат сите грижи, сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот на процесот на пристапување со Европската Унија.

„Ова е нешто што сметаме дека треба биде приоритет непосредно после локалните избори имајќи предвид дека силно чекорат и брзо напред соседите Албанија, Црна Гора во регионот. Има позитивни сигнали од земјите членки на ЕУ дека има волја за проширување на Европската Унија. Овој период заклучно со 2030 година е период којшто ние не треба да го пропуштиме.Натамошно чекање не ги подобрува нашите позиции затоа е потребен итен ангажман на ниво на ЕУ за натамошните чекори во процесот и на ниво на координација за исполнување на обврските од преговарачката рамка кај нас дом“, рече Филипче.

Двата најважни делови од Предлог- резолуцијата односно црвените линии, како што кажа Филипче се определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.

„Тоа се елементи за кои не се преговара со Европската Унија и ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација. Многу од овие одредници се заштитени со претходни декларации документи и договори меѓународни. Тоа што сега нудиме е заеднички пристап како и секоја друга сериозна држава, да имаме заеднички црвени линии. Поради тоа што ако го постигнеме националниот консензус и ако интензивно работиме на реформите притоа државата расте се надградува и зајакнува,никој никогаш и ништо нема може да запре на патот кон Европската унија“, рече Филипче.

Тој додаде доколку во преговорите за членство се отвораат или наметнуваат прашања што го доведуваат во прашање македонскиот јазик или идентитет, државниот врв има обврска со заедничко писмо да ја информира ЕУ дека тие теми се неприфатливи и не се предмет на преговори.

На брифингот Филипче посочи дека Република Северна Македонија е подготвена да ги исполни обврските од преговарачката рамка вклучувајќи ги и уставните измени со јасно определба дека е тоа последна пречка без прифаќање нови барања или прашања од билатерален идентитетски карактер.

„Сите билатерални прашања со Бугарија ќе се решава во билатерални разговори инструменти воспоставени меѓу двете држави на еднакво основа без да се создаваат нови блокади на преговарачкиот процес“, рече Филипче.

Тој додаде дека ова ќе биде еден предлог документ односно предлог работна верзија за којашто очекува сите политички чинители субјекти прво да имаат конструктивен пристап,   сериозно го разгледаат овој документ, да дадат свои предлози и заеднички да се  донесе во Собранието. Затоа и докуменот во работна верзија ќе биде поднесен во Собранието.

„Овој документ доаѓа во пакет со Предлог закон за улогата на Собранието во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европската Унија во кој што се дефинираат повеќе работи, улогата на Собранието, улогата на Комисијата за европски прашања во процесот на преговори, улогата на Националниот совет за евроинтеграција во процесот на преговори и неколку делови од резолуцијата“, рече Филипче.

Инаку, во Предлог- резолуцијата се наведени повеќе претходни резолуции, договори со точна дефиниција како и на кој начин и што од идентитетските одредници е заштитено во тие документи почнувајќи од 93-та година односно Резолуцијата за надворешно политички приоритети на земјата за членство во НАТО и ЕУ.

„Потоа во 1998 година Декларација за развој на односите со Еевропската Унија, декември 2005 година кандидатскиот статус за членство во ЕУ, октомври 2009 година преговори со ЕУ со дополнително условување за развој на добрососедските односи, 2017 година договорот за добрососедство со Бугарија, 2018 Преспанскиот договор, 2019 Обединети Нации го потврдуваат македонскиот јазик како официјален за меѓународен употреба, 2021-ва година Собранието донесе со 95 гласа „ЗА“ Резолуција за утврдување на македонските црвени линии предложена од тогашната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, а прифатена од најголем дел од пратениците од тогашното мнозинство вклучувајќи го и СДСМ, 2022-ра година заклучоци за дефинирање на македонските државни национални позиции во однос на преговарачката рамка со ЕУ“, рече Филипче

Во однос на спроведувањето на реформската агенда, во предлог резолуцијата е наведено Владата и Собранието да се целосно посветени за спроведување на реформската агенда со максимален фокус на забрзување реформите зашто се препорачува ресорните министри на квартално ниво на реферираат пред Националниот совет за европски интеграции, Комисијата за европски прашања за динамиката на носење на соодветни закони од ресорите, согласно реформската агенда.

Previous Post

Акција во Тетово: Приведени 13 лица – Детали од полицијата

Next Post

Зеленски откри: Трамп се согласи на стратешки удари врз Русија

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Зеленски откри: Трамп се согласи на стратешки удари врз Русија

Recommended

Околу 1000 лица заглавени на Монт Еверест поради снежна бура

2 months ago
(Видео) Стapицата нacила ја влечеа низ дворот: Продолжува голгoтaтa за Бањоглави од Долни Балван, утринава на cилa ги ceлеа од сопствениот дом

(Видео) Стapицата нacила ја влечеа низ дворот: Продолжува голгoтaтa за Бањоглави од Долни Балван, утринава на cилa ги ceлеа од сопствениот дом

4 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.