Бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на Хамас, издадоа итно предупредување до Израел во врска со воената операција во Газа, наведувајќи дека секое проширување на акциите го зголемува ризикот за израелските затвореници во градот. Во соопштението се нагласува дека нивната судбина би можела да биде слична на исчезнатиот пилот Рон Арад.
Истовремено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пред заминување на Генералното собрание на ОН, изјави дека „палестинска држава нема да се создаде“, оценувајќи го признавањето на Палестина од западни лидери како „срамно предавање на тероризмот“.






