Украина: Соборен руски Су-34 над Запорожје
Украинската армија соопшти дека рано изутрина во близина на Запорожје е соборен руски борбен авион Су-34, кој изведувал напади со наведувани бомби врз градот.
Су-34 е еден од најсовремените авиони на руската војска – суперсоничен ловец-бомбардер во употреба од 2014 година, способен да носи до осум тони вооружување со домет од околу 4.000 километри.
Москва засега не ги коментира украинските тврдења за уништувањето на овој авион.






