Зеленски: Русија зависи од Кина, Трамп може да влијае на Пекинг
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп би можел да помогне во менувањето на ставот на кинескиот лидер Си Џинпинг околу војната на Русија во Украина.
„Мислам дека Трамп може да го промени ставот на Си за оваа војна, бидејќи немаме впечаток дека Кина сака да ја заврши“, рече Зеленски за Фокс њуз по средбата со Трамп на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Зеленски истакна дека е позитивно изненаден од коментарите на Трамп, кој на социјалната мрежа Truth Social напиша дека Киев, со поддршка од Европа, може да ја врати територијата заземена од Русија.
„Русија се бори бесцелно три и пол години, во војна која би можела да се реши за помалку од една недела со вистинска воена моќ“, додаде Трамп, истакнувајќи ги економските проблеми со кои се соочува Москва.







