СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.Г.(40) и Ц.Ч.(42), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 22.09.2025 во 16 часот кај автокампот „Андон Дуков“ во Охрид, настанала вербална расправија помеѓу пријавените и П.М.(70) од Охрид по што, пријавените физички и со повеќе други предмети, го нападнале П.М. кој потоа со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. По извршениот увид, од местото на настанот пронајдени и одземени се два ножа, една пента и едно дрвено весло, а по наредба на јавен обвинител, двајцата пријавени се лишени од слобода и задржани во полициска станица.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






