Во СВР Скопје бил пријавен инцидент во кој семејство со мало дете било физички нападнато на подрачјето на општина Аеродром. Според пријавата на 33-годишен скопјанец, неговата сопруга и едногодишната ќерка биле нападнати од женско лице, кое најпрво употребило тврд, а потоа и остар предмет, упатувајќи им закани.
Кога таткото се обидел да ги заштити, бил нападнат и од машко лице со тврд предмет.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.






