На регионалниот пат Велес – Градско, кај крстосницата за село Ногаевци, утринава во 6:25 часот се случи сообраќајна несреќа. Поради вршење увид, сообраќајот на овој потег е целосно во прекин, информира Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
На останатите патни правци низ земјата сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ апелира до возачите да се движат со прилагодена брзина, да ја почитуваат поставената сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде што постои можност од одрони.







