Серија земјотреси ja потресоа Грција, најсилниот со јачина од 4,8 степени
Рано утрово грчкиот полуостров Атос (Света Гора) беше погоден од серија од четири земјотреси. Најсилниот, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала, бил регистриран на отворено море, на длабочина од пет километри, околу десет километри јужно од манастирот Хиландар, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според првичните информации, нема податоци за повредени лица или причинета материјална штета.







