Елон Маск повторно ја крена јавноста на нозе – овојпат со одлуката на чело на клучен тим во својата компанија за вештачка интелигенција xAI да постави само 20-годишен студент без искуство.
Станува збор за Диего Пасини, кој пред помалку од една година се вработил во компанијата, а сега е промовиран да раководи со тимот за означување податоци, и тоа веднаш по отпуштањето на над 500 вработени, меѓу кои и искусни раководители. Иако Маск уверуваше дека нови отпуштања нема да има, наскоро дополнителни 100 лица добија отказ.
Пасини, кој официјално е студент стана забележан во јавноста како гласен бранител на Маск на социјалната мрежа X. Неговото нагло издигнување потсети на контроверзните избори на млади кадри во некогашниот тим DOGE.
Внатре во xAI владее незадоволство: поранешниот шеф на истиот тим имал повеќе од 10 години искуство во „Тесла“, додека новиот лидер веќе отпуштил двајца вработени кои го критикувале.







