Коментаторот на CNN, Ван Џонс, откри дека конзервативниот активист Чарли Кирк му испратил директна порака на мрежата X само еден ден пред да биде убиен за време на настап на Универзитетот во Јута.
„Ден пред да биде убиен, Кирк ми напиша и ме повика во неговата емисија, со желба за почитуван разговор околу криминалот и расата. Ми рече дека ќе биде господин, како што очекуваше и од мене“, изјави Џонс.
Тој потсети дека претходно имале жестоки јавни расправии околу убиство на украинска бегалка, што предизвикало лавина закани против него. „Но, Кирк не бараше уривање и цензура, туку повеќе дијалог и културен разговор“, нагласи тој.
Џонс го осуди политичкото насилство и укажа дека Америка не смее да се врати во времињата на атентати и немири. „Политичко убиство е погрешно – точка. Кирк загина заради политичкиот амбиент што станува се поопасен, а тоа мора да нè натера сите да седнеме на иста маса и да најдеме заеднички јазик“, порача тој.
Според Џонс, убиството на Кирк треба да биде поттик за повеќе дијалог, а не изговор за нови поделби и закани. „Без разлика на мислењата за него, Кирк се залагаше за разговор, а не за молк и омраза. Тоа е поука што сите треба да ја прифатиме“, заклучи новинарот.






