На 19.09.2025 во 12:25 часот на регионалниот пат Кавадарци- Росоман од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци од слобода е лишен М.А.(39) од Скопје. Тој управувајќи патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки предизвикал сообраќајна несреќа, а при вршењето на увид е констатирано дека М.А. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,60 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против М.А. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






