На 18.09.2025 во 20:40 часот, во населба Превалец, Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода В.Д.(45) од Виница и З.Н.(48) од Штип. При контрола на патничко возило „шевролет“ со винички регистарски ознаки, управувано од В.Д. а сопатник бил З.Н., била пронајдена пушка-артефакт, која претставува културно наследство, како и над 300 парчиња муниција, кои В.Д. ги поседувал без соодветна документација. Исто така, во возилото е пронајден разновиден алат. В.Д. и З.Н. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






