Копенхаген – Данска планира да вложи милијарди долари во набавка на прецизно оружје со долг дострел, со цел да ја засили својата одбрана поради растечката закана од Русија, пренесува Ројтерс.
„Нема сомнение дека Русија ќе продолжи да претставува закана за Европа и за Данска во годините што доаѓаат“, изјави премиерката Мете Фредериксен.
Министерот за одбрана Троелс Лунд Поулсен најави дека аквизицијата може да вклучува ракети и беспилотни летала, како и можност за набавка на флота патролни авиони „Боинг П-8“ за надзор на Фарските Острови и Гренланд.
Планот за зајакнување на данската војска мора да биде одобрен од парламентот, а според првичните процени, станува збор за вложување од неколку милијарди долари.






