Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Македонка од Лариса: Децата беа многу исплашени, некои се онесвестија од страв, беше морничаво

by bulevar_com_mk_4dm1n
2021-03-03
in Uncategorized
Хaoc вo грчка Лариса, гpaѓaнитe вo пaниka излeгoa нa yлицитe (Видео)

Сега сме надвор, бидејќи тресе цело време. За време на земјотресот беше морничаво, прво бучеше, а потоа тресеше, раскажува Виолета Димкова, Македонка која живее во Лариса, во разговор со дописничката на МИА од Атина, по силниот земјотрес од шест степени што го погоди денеска централниот дел на Грција.

Димкова објаснува дека на централниот плоштад во Лариса има собрано луѓе, а во градот со оглед на тоа дека се тесни уличките, има заглавени возила.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

– Многу беше морничаво. Тресеше многу, прво бучеше. Јас бев во автомобилот, во една од тесните улички и прво почна да бучи, мислев дека работи некој компресор, но почна да се ниша и автомобилот, се вртам и гледам зграда која буквално се тресе напред назад, раскажува Димкова за моментите кога се случи земјотресот со јачина од шест степени според Рихтеровата скала.

Таа вели дека во делот каде што живее нема материјални штети, со исклучок на повисоките катови од зградите, а раскажува дека земјотресот особено ги исплашил соучениците на нејзините деца.

– Не ги пуштија децата да си одат, ги задржаа додека не дојде родител да ги земе. Утре нема да имаат настава. Децата биле многу исплашени, пет дури се онесвестиле од страв, додава Македонката која живее во Лариса.

Дополнителен проблем за жителите на Лариса и околните населени места беше и тоа што веднаш по земјотресот падна мрежата на мобилните оператори и целосно беа во прекин телекомуникациите и интернетот.

– Одев да ја земам ќерката од училиште и не можев да ја добијам. Немаше никаков сигнал, ниту пак интернет, објаснува Димкова во разговор со дописничката на МИА од Атина.

Земјотресот се случи во 12.16 часот по локално време со епицентар на 15 километри јужно од општина Еласонас во регионалната единица на Лариса, а беше почувствуван во повеќе делови на Грција, но и во Македонија.

Во наредните 90 минути следеа уште 11 други земјотреси, од кои еден од пет степени, а осум над четири степени според Рихтеровата скала, согласно податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија.

Грчките сеизмолози за медиумите, велат дека сè уште не можат со сигурност да кажат дали земјотресот од шест степени беше и главниот.

Previous Post

Почна емитувањето на бугарckата телевизија во Маkедонија со kомитckи филм

Next Post

Родители внимавајте: Пpeдизвик кој охрабрува caмоубиство на деца cе шири на ТикТoк

bulevar_com_mk_4dm1n

bulevar_com_mk_4dm1n

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Родители внимавајте: Пpeдизвик кој охрабрува caмоубиство на деца cе шири на ТикТoк

Родители внимавајте: Пpeдизвик кој охрабрува caмоубиство на деца cе шири на ТикТoк

Recommended

Илон Маск се огласи по наводите за користење дроги

Илон Маск се огласи по наводите за користење дроги

6 months ago

Тројца малолетници од Тетово приведени поради пронајдена марихуана

1 month ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.