Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека единствениот начин да се стави крај на војната е преку јасни безбедносни гаранции, поддржани од САД и европските партнери.
„Пред завршувањето на војната мора да се постигнат конкретни договори. Сакам документ кој ќе биде поддржан и од Америка и од Европа. За тоа е потребна јасна позиција од претседателот Трамп,“ нагласи Зеленски.
Тој потсети дека Европската Унија веќе усвоила 18 пакети санкции против Русија, но според него недостига силен американски одговор. Во исто време, ЕУ размислува за нов, 19-ти пакет, кој би можел да вклучи и целосна забрана за влез на руски туристи и дипломати.






