Осомничениот за убиството на конзервативниот активист Чарли Кирк се изјасни за невин и одбива да соработува со истражните органи, соопшти гувернерот на Јута, Спенсер Кокс.
Полицијата приведе 22-годишен маж кој во петокот сам се предал, три дена по убиството на Кирк за време на негов настап на Универзитетот во Јута. Според гувернерот, сведочења од негови блиски лица укажуваат на негови левичарски убедувања, а во истрагата соработуваат и негови пријатели и семејството.
Меѓу нив е и неговиот цимер, со кој имал врска, кој тврди дека немал сознанија за планирање на нападот. На прашање дали трансродниот статус на осомничениот е релевантен, Кокс изјави дека тоа засега не е јасно.
Чарли Кирк, основач на конзервативната организација Turning Point USA и близок сојузник на претседателот Доналд Трамп, беше познат по својата борба за правото на оружје, противењето на абортусот и критиките кон правата на трансродните лица.
Неговата сопруга Ерика најави дека ќе го продолжи неговиот активистички пат, а комеморација ќе се одржи на 21 септември во Аризона, каде што Кирк живееше со семејството.







