На 24 јули 2025 година, околу 16:25 часот, во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка, која се случила претходно истиот ден, околу 15:00 часот, на паркинг простор во селото Долна Матка.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил по претходна расправија помеѓу Р.С. (47), О.С. (21) и еден малолетник – сите од селото Горна Матка – и уште еден малолетник од Скопје од една страна, и Е.Р. (31) од друга страна.
Во тепачката учествувале лица од различни возрасти, а мотивите за пресметката засега не се соопштени. Полицијата презела мерки за расчистување на случајот, а по целосна истрага ќе бидат поднесени соодветни поднесоци против вклучените лица.






