Едно друго време, кога и најобичниот ручек беше момент на радост, а цените беа едноставно – неверојатни. Со чичко Стоилко застанавме пред киоскот на ќошот и брзо избравме:
– Хамбургер? 50 денари, не е лошо!
– Хот-дог? 25 денари, одлично!
– А тост? Само 30 денари, и пак си сит!
Носталгија ме обзема кога ќе се сетам на тие времиња – едноставно, без грижи и скапи цени, кога една ситница беше доволна да го направи денот посебен.
Чичко Стоилко е најстариот или еден од најстарите фаст-фуд ресторан на Балканот, создаден во 1975 година, кој повеќе децении беше белег на Скопје, како фаст-фуд во трафика и збирно место на младите на познатото зборно место кај чичко Стоилко или подоцна и кај Ванила пред скопскиот Градски трговски центар.
Тоа место е поврзано освен со вкусот на сендвичите и со вкусот на првите љубови на многу сега средовечни скопјани и скопјанки. Во минатиот век, кај Чичко Стоилко беше зборно место за младите и алтернатива за пропаднатото старо корзо во градот.






