Израелските официјални извори посочуваат дека нема докази дека највисоките функционери на Хамас биле убиени во нападот врз Доха, пренесуваат неколку медиуми.
„Сé уште се надеваме дека биле убиени, но оптимизмот се намалува“, изјави неименуван извор за Канал 12. Два други извора од израелските разузнавачки и одбранбени служби посочиле дека е малку веројатно дека нападот бил фатален за повеќето цели, а можеби и за сите.
Сепак, еден од изворите наведе дека дел од мисијата бил постигнат — создавање чувство на страв меѓу политичките лидери на Хамас во Доха. Според Хамас, највисоките лидери преживеале, но биле убиени пет членови од помалиот ешалон, меѓу кои и син на Халил ал-Хаџе, лидер за Газа и главен преговарач, како и три телохранители и шефот на кабинетот на ал-Хаџе.
Сталната мисија на Јужна Кореја, претседавач на Советот за безбедност на ОН во септември, најави дека денес ќе се одржи состанок посветен на израелскиот напад врз Катар. Состанокот е закажан за утре во 15 часот по локално време под точката „Ситуација на Блискиот исток“.






