Првата официјална реакција на Русија по упадот на дронови во полскиот воздушен простор дојде од Амбасадата на Руската Федерација во Варшава. Андреј Ордаш, изјави дека Москва ги отфрла обвинувањата на Варшава. „Полска не презентира докази дека дроновите соборени над нејзина територија се од руска природа. Сметаме дека обвинувањата се неосновани“, истакна Ордаш.
Амбасадорот Сергеј Андреев го повтори истиот став, нагласувајќи дека Полска не обезбедила докази за тврдењата на своите власти.
Сепак, полските официјални лица пријавија дека во нивниот воздушен простор влегле најмалку 19 руски дронови, дел од нив од Белорусија. Според Варшава, ова е првпат поголем број дронови да дојдат од Белорусија, а не од Украина, што, како што наведуваат, укажува на намерна акција на руската армија.
Најмалку еден дрон е соборен во близина на селото Чосновка, а полската армија го обезбедила местото на падот. Два руски мултифункционални дрона „Гербера“ биле пронајдени на територијата на Полска — еден со репен број YY 31402 во централниот дел на земјата и друг, YY 32384, по ноќниот инцидент.
Дроновите „Гербера“ се користат од Русија како мамци, сигнални продолжетоци, за разузнавање и електронски надзор, а можат да се прилагодат и за борбени мисии.






