Заблуда што ве чини пари: Зошто плаќањето во готово не значи штедење
Милиони луѓе се уверени дека плаќањето во готово е најсигурниот начин за контрола на трошоците. Но, финансиските психолози предупредуваат дека оваа навика често е најголемата замка за буџетот.
Иако физичкото гледање на банкнотите создава впечаток на контрола, токму таа „опипливост“ носи лажна сигурност. Кога се плаќа со готовина, ситните трошоци – кафе, грицки, паркинг или цигари – лесно се губат од вид, а на крајот од месецот резултираат со значителна сума.
Слична ситуација се случува и во супермаркетите или на патувања, каде готовината дава чувство на изобилство и слобода, што поттикнува импулсивни купувања.
Стручњаците советуваат дека најдобриот начин за вистинска контрола на трошоците се платежните картички. Секоја трансакција е дигитално евидентирана, а преку мобилните апликации лесно може да се следи каде заминува секој денар.
Тестот е едноставен: една недела плаќајте готово, а следната со картичка. Најчесто, картичното плаќање покажува помал вкупен трошок благодарение на транспарентноста.






