Шефицата за надворешни работи на Европската унија, Кaja Калас, изјави дека 27-те членки на блокот обезбедуваат рекордно висока воена помош за Украина.
– Европската унија и нашите држави членки од почетокот на војната во 2022 година обезбедија скоро 169 милијарди евра финансиска поддршка во целост – истакна Каллас во обраќањето пред Европскиот парламент во Стразбур.
Таа додаде дека од оваа сума, повеќе од 63 милијарди евра се издвоени за воена помош на Украина.
– Само оваа година, државите членки ќе обезбедат повеќе средства од кога било претходно – до денес тоа изнесува 25 милијарди евра – рече Каллас.
Земјите од ЕУ исто така ѝ обезбедиле на Украина муниција, исполнувајќи 80 отсто од целта на блокот да испорача два милиони куршуми во Киев.
– Нашата цел е да се достигне 100 отсто до октомври – додаде таа.
Каллас нагласи дека сите овие мерки се со цел Украина да може да се брани, да ги заштити своите цивили и да ја одбие агресијата.






