На 08.09.2025 во 20:35 часот на магистрален пат Гостивар-Кичево, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода П.Д.(26) од Крива Паланка затоа што со патничко моторно возило „Ауди“ со скопски регистарски таблички, кое го управувал, извршил непрописно престигнување на колона возила на непрегледна кривина. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот – „безобѕирно управување на моторно возило“.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







