На 05.09.2025 во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А. (26) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 05.09.2025 на подрачје на Радовиш извршил една тешка кражба и две кражби. Кај него биле пронајдени предмети кои ги одзел при извршување на кривичните дела и ќе бидат вратени на сопственикот. А.А. е задржан во Полициската станица Радовиш, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







