Германската влада планира до крајот на годината да побара одобрување од парламентот за околу 80 одбранбени проекти, вклучувајќи набавка на дополнителни борбени авиони „Eurofighter“, ракетни системи „Patriot“ и проектили „IRIS-T SLM“, покажува документ до кој дојде Reuters.
Документот опфаќа 81 одбранбен проект чија вредност надминува праг од 25 милиони евра (29 милиони долари), што бара согласност од буџетската комисија на парламентот.
На листата се наоѓа и така наречената „транша 5“ од авиони „Eurofighter“, за која поранешниот канцелар Олаф Шолц истакна дека треба да опфати 20 авиони, како и борбени возила на пешадија „Puma“, оклопни транспортери „Boxer“ и други вооружени системи.
Документот не го прецизира точниот број на системи за набавка ниту ги наведува производителите.







