Тетово денес пулсираше со гордост и радост по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

Со песни, игри и насмевки, најмладите тетовци ја прославија празничната атмосфера и со силни емоции извикуваа: „Те сакаме, Македонијо!“.

Градот беше исполнет со детска енергија и патриотски дух, потсетувајќи дека независноста и слободата се најголемата вредност што ја наследуваме и ја оставаме на идните генерации.








