„И ние, лекарите, сме луѓе со фамилии, деца и родендени, но во моментов сме се откажале од многу задоволства со семејствата во име на здравјето на народот. Лани славевме во изнајмено кафуле, со кловнови, поканивме 50 деца.

Годинава му го честитав роденденот телефонски, но сакав и со фотографија преку Фејсбук, симболично со колегите. Не ми е лесно што сум раздвоен од децата и сопругата, но таква ни е професијата.

Додека сме здрави и имаме поддршка од фамилиите, мислам дека можеме да се бориме и работиме“, рече Доновски, кој е вработен во болницата во Отешево.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10158450202558141&id=692833140






