Навистина е алармантна ситуацијата на ова бебе од Делчево, кое му се потребни итни средства за неговото здравје.
Во продолжение текстот на Фејсбук:
– ВЕ ЗАМОЛУВАМ ИТНО ДА СЕ РЕАГИРА, СОСТОЈБАТА СО ЗДРАВЈЕТО НА БЕБЕТО Е АЛАРМАНТНА! На нивната сметка нема да може да се донира бидејќи ќе им го одземат и она мало кое им го дава оваа држава за жал..
Денеска бев во посета на семејството од Делчево кај малото бебенце кое е голем борец и го сака животот – БОЛЕДУВА ОД ВТОР СТЕПЕН НАРУШУВАЊЕ НА БУБРЕЗИТЕ!
Јас ќе им помогнам во се што е во моја моќ, секако со ваша помош, мајката ми даде одобрение за се што ќе е донирано за нив да оди преку мене. Сметки за струја имаат големи суми кои мораат да ги подмират, но и за да се преселат на друго место потребни им се парични средства и за лекување на малото сонценце кое ќе треба често да патува за Скопје бидејќи во болничките услови нема место за престој.







