Мајка од Истанбул низ прозорот од станот ги фрла своите 4 деца од третиот спрат за да ги спаси од пожар.
Повеќе од десетина граѓани се собрале пред зградата во која горел стан и рашириле ќебе и церада за да можат да ги фатат децата кои мајката со солзи во очите ги фрлала за да им го спаси животот.
Луѓето врескале во паника и ја молеле мајката да не ги фрла децата.
Турските медиуми јавиле дека децата поминале без повреди, а дека мајката кратко била хоспитализирана.
Пожарот, како што наведуваат медиумите, избил од табла со осигурачи.
Видео:







