Осуммина пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка ќе пливаат денеска на патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште на традиционалниот Охридски пливачки маратон.
Во категоријата мажи ќе се натрепваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание ќе биде аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

Маратонците беа промовирани пред јавноста во четвртокот, а вчера организаторот ги запозна со деталите околу 25 километарската патека. Стартот беше најавен за во 10 часот, но поради временските услови и најавата од ветер околу 11-12 часот, организаторот најави можна измена, односно маратонот да почне половина час порано. Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот.
Да потсетиме дека Претседателот Стево Пендаровски од непознати причини престана да го финансира овој настан.








